Кредитното биро - сигурен партнер

Bez autora
Oct 26 2011

Македонското кредитно биро веќе се етаблира како сигурен партнер за своите членки. Во изминатите десет месеци откако профункционира, има издадено 23.000 известувања за обврските на правните и физичките лица. Резултатите од неговото работење се валоризираат. Тоа го покажува и извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка, каде што Македонија по индикаторот „одобрување кредит и пристап до кредитни информации“ бележи искачување за 21. место. Досега Македонија редовно губеше неколку позиции токму поради непостоењето приватно кредитно биро, па во досегашните извештаи секогаш се вреднуваше само според податоците на Кредитниот регистар. Тоа беше мотивот Владата да го иницира основањето на Кредитното биро, а потоа таа задача им ја препушти на банките. Според неа, МКБ дејствува како систем за намалување на ризикот во работењето и зголемување на финансиската дисциплина.

Кредитното биро - сигурен партнерМакедонското кредитно биро веќе се етаблира како сигурен партнер за своите членки.

Во изминатите десет месеци откако профункционира, има издадено 23.000 известувања за обврските на правните и физичките лица. Резултатите од неговото работење се валоризираат. Тоа го покажува и извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка, каде што Македонија по индикаторот „одобрување кредит и пристап до кредитни информации“ бележи искачување за 21. место.

„Досега Македонија редовно губеше неколку позиции токму поради непостоењето приватно кредитно биро, па во досегашните извештаи секогаш се вреднуваше само според податоците на Кредитниот регистар. Тоа беше мотивот Владата да го иницира основањето на Кредитното биро, а потоа таа задача им ја препушти на банките“, рече директорот на МКБ, Славица Богоева, на вчерашниот прес во Стопанската комора. Според неа, МКБ дејствува како систем за намалување на ризикот во работењето и зголемување на финансиската дисциплина. Тоа придонесува да се подобрат вкупните услови за водење бизнис, што ќе и' помогне, пак, на државата да се промовира како посигурна инвестициска дестинација.

Македонското кредитно биро моментно брои 94 членки од сите економски сфери. Меѓу нив има банки, осигурителни и лизинг-компании, како и комунални претпријатија. „Членките на МКБ се' повеќе му ја даваат довербата и ги користат неговите податоци за да носат посигурни деловни одлуки“, истакна Богоева.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik